ГЕНЕРАЛНО СИТЕ ШТО МЕ ПЛУКАА ИЛИ МИ СТАВАА СОПКИ НА ПАТОТ ДА ПОКАЖАМ ДЕКА КОНГРЕСОТ НА дпмне ВО ВАЛАНДОВО Е НЕЛЕГИТИМЕН БЕА ШИРОКОГРАДО НАГРАДЕНИ. РЕЗУЛТАТОТ ГО ГЛЕДАМЕ ПРЕД НАШИ ОЧИ – ЕПСКО УПРОСЕЧУВАЊЕ НА КАДРИТЕ, КАТАСТРОФА КОЈА ДРЖАВАТА ЈА ВЛЕЧЕ СЕ ПОСИЛНО ВО БЕЗДНА (14.12.2021)…

 

Фракционерство не е дозволиво по статутот на ВМРО-ДПМНЕ и ние не го поддржуваме тоа, изјави Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот став во врска со денешната прес конференција на Филип Петровски.

-Во моментот на донесување на партиски став ние сме конзинстентни по тој став и немаме други мислења околу тоа. Она што се случи денес односно најавата за фракционерство, во нашиот статут нема предвидено такво нешто. Што значи фракционерство не е дозволиво по статутот на ВМРО-ДПМНЕ и ние не го поддржуваме тоа. И во рамките по статутот досегашен но и во рамките по статутот кој што е во до изработка од страна на експерти од нашата партија. Конкретно едно од лицата кое што го одржа пресот денес дотичниот Филип Петроски, јас колку што сум информиран Филип Петроски го нема ажурирано своето членство во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа значи дека Филип Петроски не е член во ВМРО-ДПМНЕ и колку што ме држи меморијата мислам дека се уште е член на Демократска десница, партијата која што впрочем ја формираше лицето, така да нема конкретно Филип Петровски кредибилитет да отвора такви прашања и такви теми, изјави Ѓорѓиевски.

Извор: ФОКУС

Leave a Reply

Your email address will not be published.