На 11 јануари 2018 беше донесен Законот за јазици во Собранието на Република Македонија. Гласаат во првото носење за него 69 пратеници.
Вечерта бев пред Собранието на протест и објавив видео во живо на Фејсбук. Истото одвај го најдов. Трагите се бришат. Сеќавањата бледнеат. Тоа ми се чини дека е и целта. Да заборавиме, да се помириме. Но, јас додека можам нема да се помирам со тоа дека Е УКРАДЕНА ДРЖАВАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. Подолу преобјавено видеото од тој ден. Погледајте го и размислете убаво до кога ќе прифаќаме се што ни сервира секоја ненародна власт?!
@filip.petrovski 11.1.2018 носење на законот за јазици. Почеток на предавството што резултираше со промена на името.
Сега се подготвува можно укинување на Законот за јазиците од страна на Уставниот суд. Лично не верувам дека ќе се случи. Како и да е, мое да си го кажам моето мислење. Сум кажал што мислам повеќе пати и повторно ќе кажувам.
Во овој текст ќе приклучам два става кои во пресрет на одлуката на Уставниот суд, вредат да бидат запаметени.
Првото на Симона Груевска од Институтот за МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (сметам дека е и повеќе од релевантна со нејзиниот став). Има преку 100 референци од научен тип. 🔽
За Законот за употребата на јазиците
Прво, Македонците во Македонија не се етничка заедница, па Албанците да бидат втора., како што пишале во писмото албанските интелектуалци. Македонците се државотворен народ.
Второ, Охридскиот рамковен договор е целосно имплементиран во Уставот уште во 2001 година. Сѐ што е донесено подоцна, вклучително и Законот за употребата на јазиците („во духот на Охридскиот рамковен договор”), е надвор од него.
Трето, мислењето на Венецијанската комисија, како советодавно тело на Советот на Европа, мора да се почитува, ако сакаме да бидеме европска држава.
Четврто, не може јазик што не го разбираат 75 % од населението во Македонија да биде на исто рамниште со македонскиот. Невозможно е и државните институции ќе се блокираат.
Петто, не може „повредените чувства” на Албанците да бидат поважни и повредни од чувствата на Македонците.
Шесто, албанските интелектуалци треба да се засрамат од писмото што го потпишале, ако се вистински интелектуалци.
Седмо, сигурно им е многу тешко на ДУИ во опозиција, откако во 2001 ја нападнаа сопствената држава како терористи и потоа 23 години удобно си седеа во фотелјите на власт и знаеме што правеа. Сега се закануваат пак со војна, што значи мир во Македонија ќе има само ако терористите се на власт.
Не иде така, другари!
и второто е од Димитар Апасиев, пратеник и професор. Човек што во овој критичен момент зборува јасно и гласно, но и аргументирано и пред се патриотски.🔽