Петровски: Протестите во 1997 беа за јазикот денес се за неучење

Со инцидентот во Гошинце пратена е порака до македонската Влада. Пред регионот претстојат значајни превирања и Заев дојде како кец на десетка во овие игранки. Ова во интервју за Телеграф.мк го вели Филип Петровски, сегашен директор на Државниот архив.

Вели дека за политичката ситуација во Македонија очекува пред се правна разрешница. Според него, она што го прави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, а под наредба на странски служби, кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија поради многу прашања, е надвор од секакво нормално дејствување и е надвор од законот. Секојдневно тој го прекршува кривичниот законик и гази врз поредокот во државава како да е во прашање крпа за бришење под. Од тие причини е неопходно ова да се заврши поскоро и низ законска процедура.

За протестите на средношколците и претходно студентите кои траат подолг период, Петровски вели дека порано се протестирало за јазикот, а денес за не учење.

–  Може да се обидам, затоа што паралела нема. Ние во 1997 протестиравме за унитарноста на македонскиот јазик и предупредивме што ја чека државава во блиска иднина. За во 2001 година да се случи она најлошото – борците за човекови права почнаа освојување на територија и етничко чистење на Македонците… невозможно е тоа да не го видоа политичките елити. Но, тогаш на власт беше Бранко Црвенковски, политичар кој има долга традиција на владеење со помош на интриги и на штета на македонските национални интереси. Tокму затоа ние од неговите новинарски пера бевме карактеризирани како фашисти. Нѐ оцрнија на најпоган можен начин. И тоа за потребите на коалициското владеење на неговата коалиција.

Денеска за што протестираат средношколците? За да не учат математика! Гледам и не можам да верувам. Протестираат за да не учат. Затоа нема споредба. Зад овие деца, од кои некои секако убеден сум дека протестираат за да бидат лидери во својата генерација, со идеали кои се легитимни, стојат СОРОС и СДСМ, вели Петровски за Телеграф.

 

За жал ТЕЛЕГРАФ.МК одамна не постои. Ова е тоа што преживеало на веб…

Линк до прес24.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *