“Искра на инспирација, а не прашина на самозадоволство“- реченица која најдобро ја опишува книгата која има виолетови корици – бојата на мистериозноста и потрагата на мистериозната длабока љубов.
Книга од која не само што ќе добиете искра на инспирација за да ја подобрите вашата личност туку, несомнено ќе допрете до срцето на авторот кое ќе ве дарува со една поинаква зрелост и мудрост.
И покрај тоа што на крајот скромно ќе додаде дека книгата е од серијалот на популарна Психологија, сепак книгата нуди едно длабоко животно искуство од кое што конечен и основен продукт е благодарноста, а тоа е многу повеќе и од самата Психологија. Патот до вистинската благодарност е она што ќе го добиете на дланка во 128 страни.
Стојан Андов: РЕЦЕНЗИЈА на книгата „За нас“ од Филип Петровски
Книгата со виоетови корици која е една од ретките во која ќе пронајдете вистински дефиниции за моќта на благодарноста а е главна тема во Позитивната психологија.
Магијата започнува од првата страница која всушност е на последната страница.
Кратко кажано, книга која како и да ја читате ќе ви понуди нови патишта до благодарност а со тоа и до нескршлив ум.
Д-р Ана Чучкова