Уште еднаш за нас (мојата втора книга)

Уште еднаш за нас – книга, бесплатно за сите читатели

“Пет минути од деноноќието ќе и ги посветам на маченицата Македонија,за да соочам со мојата македонска совест и да се уверам за последен пат дека е безначајно она што досега сум го сторил за неа”-Владислав Ковачев, Политичкото верују на македонците

“I will dedicate five minutes of my day and night to the martyr called Macedonia in order to confront with my Macedonian consciousness and to reassure for the last time that what I have done for her so far is insignificant.” -Vladislav Kovacev, The political preferences of the Macedonians.

…Преуредувањето на државата по терк на некој друг е прогласено за најуспешен потфат и секој што ќе се дрзне макар да го разгледува површно критички се прогласува за еретик, националист, фашист. Меѓутоа сметам дека иако фактите можат привремено да се сокријат, моделираат, а свеста да се испере, она што се сокрива (вистината!) неможе вечно да биде сокриено. Токму затоа и во моменти на најголемо разочарување кога гледаме дека жртвата на ближниот наш, не го допира другиот наш, кога ставовите ни се исмејувани, распнувани, сецирани, отфрлани ние немаме право да се предаваме…

…The rearrangement of the state by someone else’s template has been proclaimed to be the most successful action and anyone who dares to review this even in a most superficial critical manner is being proclaimed a heretic, nationalist, fascist. But, although I consider that the facts can temporarily be hidden, altered and the consciousness washed, the thing that is hidden (the truth!) can not be hidden forever. That is why in moments of greatest disappointment when we see that the victim of someone from our surrounding does not reach someone else from our surrounding, when our viewpoints are ridiculed, crucified, dissected, rejected, we have no right to surrender…

…Без разлика на се, дури и кога треба да се оди наспроти ветерот, а за бранење на сопствените убедувања, мора да се издржи. Јас денеска знам дека вистината за 2001 година не е таква каква што ја претставува владеачката партија. Знам од позиција на учесник во војната дека беше направено предавство, дека интересите на земјата беа продадени за лични потреби и дека како награда за тоа некои од активните учесници сега се на високи државни позиции, еден од нив веќе стана и Премиер, додека вистинските херои со државно киднапирање експресно беа пратени во Хаг. За тие предавства допрва ќе пишува историјата. Од неа најтешко се кријат настаните и секогаш ги стига сите…

…No matter what, even when you have to go opposite of the direction the wind blows in order to defend your own opinion, you have to hold on. I know now that the truth about 2001 is not that which is being presented by the ruling party. I know because I participated in the war that a treason was conducted, that the country’s interests were sold for personal benefit and that some of the active participants now hold high ranking positions as a reward for this, one of them already became a Prime Minister while the true heroes have been expressly sent to the Hague by means of state kidnapping. The history will write about these treasons in the future. It is the hardest thing to hide the events from the history and the history always reaches everyone…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *