Почитувани,
Согласно:
1) РЕШЕНИЕ ЗА РАСПИШУВАЊЕ ИЗБОР ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА бр.09-1071/1 од 08.02.2019 год
2) УСТАВОТ И ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК
3) Вашите интерни Одлуки, Уредби, Правилници и
4) РОКОВНИКОТ за Претседателските Избори 2019 год. како и останатата позитивна Законска регулативе почнувајќи од 23 ФЕВРУАРИ 2019 год. започнав иницијатива за собирање на 10.000 потписи за кандидатура за Претседателски избори 2019 година.
Од моја страна Во неколку наврати Ви беше потенцирано дека ќе собирам потписи во Р.Македонија и во дијаспора.
И после три дена,до 25.02.2019 година сеуште во СИТЕ ДИПЛОМАТСКО КОНЗУЛАРНИ ПРЕДСТАВНИШТВА не е овозможено Македонците од дијаспората да ги остварат своите Уставни и Законски права
Согласно Уставот сите граѓани се еднакви во слободите и правта независно од пол,раса,боја на кожа,национално и социјално потекло,политичко и верско уверување,имот и општествена положба.Изборниот Законик нотира дека секој полнолетен граѓанин има избирачко право кое е еднакво,општо,непосредно и се остварува на слободни избори
СО ОНЕВОЗМОЖУВАЊЕТО НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРА СЛОБОДНО ДА ЈА ИЗРАЗАТ СВОЈАТА ПОДДРШКА ДЕПОНИРАЈЌИ ГО СВОЈОТ ПОТПИС НА ЛИСТАТА ЗА МОЈА КАНДИДАТУРА СЕ СТАВААТ ВО ОБЕСПРАВЕНА ПОЛОЖБА И НА ТОЈ НАЧИН НЕ СЕ ПОЧИТУВААТ НИВНИТЕ УСТАВНО И ЗАКОНСКИ ЗАГАРАНТИРАНИ ПРАВА.
Во нашата меѓусебна комункикација ни беше предочено од Ваша страна дека искуствено до сега немате организирано собирање на потписи во дијаспората но дека во овие Претседателски избори 2019 година ќе се започне по прв пат.Бидејќи за собирањето на потписи ќе постапувате согласно одредбите од Изборниот Законик Ве замолувам доставувањето на листите односно образецот за собирање на потписи од група граѓани како и Нотарски завереното полнмошно да Ви ги доставиме на Вас а вие согласно воспоставената Законска практика истите да ги доставите до ДКП.
Во интерес на заштита на правото Ви ја доставувам ова Ургенција за Ваше постапување согласно Вашите права и обврски за овозможување на остварување на правата на Македонците во дијаспора.