„Заев не беше симнат од власт, затоа што го има за противник Мицкоски“, вели членот на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски за емисијата „Клик плус“.
Според неговите зборови, најдобра спаринг вреќа за Заев во моментов е лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.
„Заев може и намерно не го потопува, туку го држи во вода. Мицкоски не може да го победи Заев. Ако има некој друг претседател ВМРО-ДПМНЕ, тогаш Заев може да изгуби на избори. Моментално во „Белиот дворец“ нема мажи“, посочи Петровски, додавајќи дека токму Сашо Мијалков го ставил Мицкоски за лидер на партијата преку нелегитимен конгрес.
Извор: СЛОБОДЕН ПЕЧАТ