„Заев му помага на Мицкоски, тоа е видливо – било кој друг лидер на ВМРО-ДПМНЕ би го победил Заев на избори“, смета Петровски

За Филип Петровски, „виновник“ што Зоран Заев и натаму е на власт е Христијан Мицкоски. Петровски ова го кажа на гостувањето во „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва, и кажа дека било кој друг да бил лидер на опозицијата, Заев ќе бил поразен.

Тој е убеден дека Заев му помага на Мицкоски, и дека имаат добри односи, и покрај тоа што во јавноста меѓусебно се напаѓаат.

„Знам што се зборува низ градот. Едно е правосусдтво, и провеси што доаѓаат, друго е политиката. Не можам да видам како Заев би нарачал да го осудат Мијалков. Тогаш имаме проблем. А дека постои уверување дека Заев му помага на Мицкоски, видливо е тоа“, рече Петровски и додаде:

„Заев не постоеше шанса да победи ниту на парламентарните ниту на претседателските избори, доколку имаше здрава политика во ВМРО-ДПМНЕ. Тој направи такви грешки, такви промени кои во Грција беа казнети. Пријатели ми кажаа дека СИРИЗА имала одлична економска политика, но поради Македонија, ќе биде симната од власт. И ја симнаа од власт. Тука Заев остана на власт затоа што против себе го имаше Мицкоски. Кој ширеше еуфорија дека ќе победи со 10 пратеници, а сите анализи кои ги правевме дека ќе биде во минус 2-3, и така излезе. Најдобра спаринг вреќа за Заев е Мицкоски, било кој друг лидер ќе го победеше Заев. Тврдам!“, вели Петровски.

„Мицкоски поддржуваше промена на името, испрати група да ме нападне кога јас протестирав за тоа“, вели Петровски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *